Фото: Пиксабеј

Најмалку еден ученик е ранет во пукањето што се случи денеска во училиште во германскиот град Офенбург.

Засега се претпоставува дека многу младо лице, веројатно друг ученик, со огнено оружје го ранил својот врсник.

Осомничениот за ова дело е уапсен, а на терен се голем број полицајци, јавува Нова.рс.

-Учениците во моментов се во училниците заради сопствена безбедност- соопшти полицијата.

Полицијата ја опколи целата област, но се верува дека веќе нема опасност.