Фото: Принтскрин/Јутуб

Јавните училишта во Портланд, во американската сојузна држава Мејн, денеска се затворени, бидејќи продолжува потрагата по осомничениот за оружениот напад во Левистон, во кој загинаа најмалку 16, а десетици беа повредени.

Портланд е најголемата училишна област во Мејн со околу 6.500 ученици, пренесува „Си-ен-ен“.

Продавниците низ Мејн исто така беа затворени.

– Нашите продавници ги следат сите совети и упатства на надлежните органи – се наведува во соопштението на Ханафорд супермаркети“, во кое се додава дека компанијата има маркети на 58 локации во Мејн.

Во меѓувреме, началникот на полицијата на градот Рајан Мекги, го повика целиот негов оддел да помогне во потрагата по напаѓачот.

– Сакаме да го лоцираме поединецот, да се увериме дека нашата заедница е безбедна – рече тој.

Стотици полицајци сè уште го пребаруваат Левистон и околните области во Мејн, а на жителите во неколку градови им е кажано да останат безбедни и да ги држат своите врати заклучени.

Полицијата го идентификуваше осомничениот за пукањето како Роберт Р. Кард (40).