Фото: Твитер/Владимир Зеленски

Водоснабдувањето во Киев денеска е прекинато по новиот бран руски удари, метрото е затворено, а метро станиците се користат како засолништа од бомби.

– Поради оштетување на енергетската инфраструктура, има прекини во снабдувањето со вода во сите области на главниот град – напиша градоначалникот Виталиј Кличко на Телеграм.

– Сообраќајот на метрото е привремено прекинат на сите линии. Метро станиците функционираат како засолништа. Предупредувањето за воздушен напад продолжува! Ве молиме останете во засолништа – напиша тој во друга порака на социјалната мрежа.