Наградата наменета за најкорисниот кошаркар (т.н. МВП) во НБА-лигата се преименува во „Трофеј Мајкл Џордан“. Тоа е еден од шесте новодизајнирани трофеи именувани по легендите на НБА. Петте други поранешни играчи по кои се именувани награди се Вилт Чембрлен (за дебитант на годината), Џон Хавличек (најдобар шести играч на годината), Џорџ Микан (играч со најголем напредок во годината), Хаким Олаџувон (најдобар одбранбен играч на годината) и Џери Вест (за најдобриот играч во клучни моменти). Новите трофеи се во чест на пионерите на НБА-лигата што помогнаа да се дефинираат стандардите за извонредност што ги претставуваат овие трофеи, пишува НБА на својата интернет-страница.