Фото: Илустрација/Пиксабеј

Американски експерт за „Форин полиси“ ја анализира можноста за снабдување на Украина со борбени авиони

Повиците за снабдување на Украина со борбени авиони доминираат во извествувањето во Вашигтон и во другите главни градови од земјите-членки на НАТО додека трае војната. А барањето опстојува и наспроти извештаите од американската команда за Европа според кои ефективноста на украинските воздушни сили веројатно нема да се подобри со добивањето на борбените авиони, пишува безбедносниот експерт Блејк Херцингер во неговиот авторски текст за „Форин полиси“ насловен „Полските МИГ-ови за Украина се лоша идеја“.

– Во бурето барут како што е Украина, каде што војната може да експлодира во конфликт помеѓу НАТО и Русија, снабдувањето е комплексно прашање на поддржувачки капацитети без предизвикување на директен судир меѓу нуклеарните сили – наведува Херцингер.

Американскиот експерт ја коментираше идејата според која членките на НАТО од Источна Европа би требале да донираат авиони МиГ-29 за Украина, посочувајќи дека успешното помагање почнува со идентификација на барањата. Тој се прашува која би била целта на користењето на МиГ-овите (дали е одбранбена или офанзивна) наведувајќи дека повеќето од авионите со кои Украина располага уште се активни.

Херцингер проценува дека украинските воздушни сили изведуваат пет до десет мисии дневно со 50-те авиони со кои располагаат. А наспроти нив, Русија изведува речиси 200 мисии дневно. Земајќи ги овие информации предвид, Херцингер смета дека дополнителното снабдување за Украина не би направило разлика во конфликтот.