Фото: Инстаграм/theroyalfamily

Погребот на кралицата Елизабета Втора ќе се одржи во понеделник на 19 септември во Вестминстерската опатија во Лондон, потврди Бакингемската палата.

Пред државниот погреб, телото на кралицата ќе биде положено во Вестминстерската сала четири дена, за јавноста да може да и оддаде почит.

Последниот член на кралското семејство чие тело беше изложено во јавност беше мајката на Елизабета, позната како „Кралица мајка“ во 2002 година. Во тоа време, повеќе од 200.000 луѓе стоеја во ред за да го видат нејзиниот ковчег.