Фото: Полиција Луистон

Повеќе од 20 луѓе беа убиени, а меѓу 50 и 60 беа ранети кога напаѓачот Роберт Кард почна да пука во градот Левистон во американската сојузна држава Мејн. Престрелката се случила во кугларница и во ресторан. Тие веднаш до медиумите ги пренесоа сведоштвата на луѓето што биле блиску до местото каде што се случил крвавиот пир.

Никол Виман Арел изјави за „Си-ен-ен“ дека видела повеќе од десетина луѓе како ја напуштаат кугларницата. Таа го опиша и големото присуство на полиција и служби за итни случаи.

Како што рече, видела лице што било измачкано со крв, но не можела да разбере дали тоа лице е повредено, а видела и цели семејства во кугларницата.

– Да, имаше деца, тоа беше веројатно најтешкиот дел. Семејствата ја напуштаа кугларницата – вели Арел, која била сведок на пукањето заедно со ќерка си.

– Таа, дефинитивно, беше исплашена.

Почнала да плаче и рекла:

– Ова е страшен свет во кој живееме, мамо – рекла Арел.

Били Џејн Кук, шокирана жителка на Левистон, за „Би-би-си“ изјавила дека се враќала од ноќно излегување кога слушнала за нападот и за убиецот, кој е во бегство.

– Сирените ечеа. Хеликоптери, полиција, никогаш во животот не сум слушнала толкава активност во овој град. Дојде и полиција од друга држава – рекла вознемирено Кук.

Кук додала дека му се јавила на еден од своите синови додека возела дома.

Најмалку 22 лица загинаа, а меѓу 50 и 60 луѓе се ранети во престрелка во градот Луистон, во американската сојузна држава Мејн, што се случи вчера вечерта на две локации.