Фото: Принтскрин

Американската компанија „Оушн Гејт“, чиј директор управуваше со подморницата „Титан“ која што се имплодира во близина на потонатиот брод „Титаник“, соопшти дека ги суспендира сите истражувачки и комерцијални операции.

Компанијата не соопшти никакви детали, пренесе „Танјуг“, повикувајќи се на „Ројтерс“.

Подморницата „Титан“, управувана од „Ocean Gate Expeditions“, изгубила контакт со бродот за поддршка набргу по почетокот на двочасовното нуркање.

Веднаш беше започната масовна мултинационална потрага на илјадници квадратни километри.

По пет дена потрага, подморница со далечински управувач која ја бараше исчезнатата туристичка подморница „Титан“ откри „поле со отпад“ на дното на океанот во близина на остатоците од „Титаник“.

Американската крајбрежна стража соопшти дека сите пет лица кои се упатиле кон потонатиот брод„ Титаник“, кој потона во северниот дел на Атлантикот пред 100 години, загинале во имплозијата на подморницата.

Американските и канадските власти се уште ја истражуваат причината за подводната имплозија.

Истрагата и испитувањето на останките се очекува да ги расветлат причините за имплозијата на подморницата „Титан“.