Околу 10 доверливи документи откриени во невладина организација во Вашингтон во канцеларија што порано ја користел сегашниот американски претседател Џозеф Бајден, вклучуваат строго доверливи материјали, според службеник за спроведување на законот запознаен со истрагата, пренесува Си-Би-Ес Њуз.
Врвна тајна е највисокото од трите основни нивоа на тајност: доверливо, тајно и строго доверливо, а истекувањето на строго доверливи информации може да предизвика „исклучително голема штета“, објасни овој функционер за американската телевизија.
Помалку од 10 доверливи документи беа пронајдени во резиденцијата на Бајден во Вилмингтон, Делавер, а ниту еден не беше класифициран како строго доверлив.