Илустрација / Фото: Принтскрин

На грчкиот остров Родос утрово повторно се разгоре жариштето во близина на селото Асклипио во југоисточниот дел на островот, неофицијално огнените јазици веќе се стигнати до првите домови, а до жителите на две села веќе беше испратен порака за евакуација, јави дописничката на МИА од Атина.

Портпаролот на Противпожарната служба на Грција Јанис Артопиос утрово соопшти дека на островот интервенираат „силни копнени сили и од воздух на поширокото подрачје на пожарот периодично ќе оперираат осум авиони, од кои два од Турција и еден од Хрватска, како и десет хеликоптери, од кои три од Египет“.

Во однос на пожарот на Крф, објасни дека преку бројот 112 за итни случаи биле евакуирани 17 села и 2.466 граѓани биле пренесени на безбедна локација, а паралелно истакна дека на островот не се регистрирани штета на домови.

Во евакуацијата помогнале силите на грчката полиција, на противпожарната служба, на периферијата, како и на крајбрежната служба, кои објавија и видео од акцијата.