Фото: Принтскрин

Русија призна дека некои нејзини војници се повлекле како што рече „на поволни одбранбени позиции“, во близина на акумулацијата северозападно од градот Бахмут во источна Украина.

Ова соопштение на руското Министерство за одбрана е прво признание на Москва дека Украина ја зазеде територијата околу уништениот град во источна Украина што Русија се обидува да го освои повеќе од 10 месеци.

Украинскиот претседател Владимир Зеленски изјави дека Русија веќе се подготвува за пораз и дека украинските војници мора да ги притиснат руските сили.

Во петокот, за време на неговото вообичаено обраќање до нацијата, Зеленски рече дека русите кои се борат во Украина мора да го претворат стравот од пораз во нивни „грешки, загуби и бегство“.

-Благодарам на сите што го уништија непријателот. Благодарен сум на сите што ни ја вратија територијата – додаде украинскиот претседател.