Илустрација / Фото: Пиксабеј

Неколку деца се избодени со нож во напад во парк во близина на езерото Анеси, во југоисточна Франција, јавија локалните медиуми.

Нападот се случил утрово околу 9.45 часот, а во него вкупно осум лица се избодени со нож, додека три се во критична состојба.

На местото на настанот пристигнала вооружена полиција која брзо го совладала напаѓачот, пред да го уапси и пренесе во болница.

– Неколку лица, меѓу кои и деца, беа повредени од лице вооружено со нож. Поединецот е уапсен благодарение на многу брзата интервенција на полицијата – напиша францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманин на Твитер.

Регионалниот заменик префект, Антоан Арман, нападот го опиша како „гнасен чин“ и рече дека властите истражуваат.

Француската премиерка Елизабет Борн е на пат кон местото на настанот.

Француските медиуми во меѓувреме пренесоа дека во нападот се повредени шест деца, а жртвите биле на возраст од околу три години.

Француското национално собрание одржа едноминутен молк, а патиштата околу местото на нападот се блокирани.