Фото: Принтскрин

Еден ден по заминувањето на европските лидери, денеска во дванесет и пет, на Вацлавски намести, централниот прашки плоштад, започнаа масовни синдикални демонстрации. Се очекуваат десетици демонстранти од повеќе краеви на Чешка. Шефот на Синдикатот Јозеф Стредул на почетокот на демонстрациите го цитираше бившиот претседател на Чешка Вацлав Хавел: „Овде сме да ѝ покажеме на Владата дека постои потреба да им се помогне на луѓето и претпријатијата“.

Демонстрантите браат Владата и чешкиот Сенат да се ангажираат во решавањето на социјалните проблеми. На митингот говореа претседателите на чешките здравствени работници, поштите, на Националниот совет на луѓе со инвалидитет и други.