Фото: Лукашенко/Интернет-страница на белорускиот претседател

Белорускиот претседател Александар Лукашенко изјави дека во неговата земја нема да има мобилизација.

Тој рече дека одредени опозициски партии се обидуваат да ја развијат тезата дека е можна мобилизација и во Белорусија, како и во Русија.

– Нема да има мобилизација. Тоа е лага – рече Лукашенко и нагласи дека Белорусија сигурно ќе одговори на можните закани и обиди за терористички акти.