Фото: Министерство на надворешни работи на Русија/Твитер

Русија ќе продолжи да ги зајакнува врските во сите области со земјите од глобалниот југ и исток, кои ја делат посветеноста на принципите на Повелбата на Обединетите нации и се залагаат за почитување на правото на народите сами да ја одредуваат својата судбина  – изјави рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров.

Неговата порака беше прочитана од рускиот амбасадор во Душанбе, Семјон Григориев, на Меѓународниот културен и цивилизациски форум „Традиционалните вредности на источните народи и современиот свет“ – пренесе „ТАСС“.

– Русија продолжува со интензивните напори за зајакнување на правните и моралните принципи на меѓународната комуникација, што е суштински предуслов за формирање на поправеден мултиполарен светски поредок – рече Лавров.