Фото: Принтскрин

Адмирал Сергеј Авакјанц, командант на руската Тихоокеанска флота, денеска поднесе оставка и ја напушти функцијата бидејќи, како што јавија руските власти, ќе го преземе надзорот на новиот Центар за воена спортска обука и „патриотско образование“.

Рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу, неодамна изврши инспекција на единиците на Пацифичката флота, но се уште не ги објави резултатите од инспекцијата. Оваа флота беше активна во војната во Украина.

Претходно овој месец, министерот Шојгу објави дека Пацифичката флота е ставена на борбена готовност како дел од „ненајвената проверка“, пишува Гардијан.