Фото: Фејсбук/ Министерство за надворешни работи на Кина

Кинеските власти денеска соопштија дека ќе воведат санкции врз голем број американски одбранбени компании и неколку директори поради „економската принуда“ на Вашингтон против кинески компании и продажбата на оружје на Тајван.

– САД неселективно воведоа незаконски и еднострани санкции против голем број кинески субјекти додека продолжуваат да му продаваат оружје на регионот на Тајван – соопшти Министерството за надворешни работи на Кина.