Фото: Пиксабеј

Поради акутниот недостиг на електрична енергија предизвикан од руските напади врз украинската енергетска мрежа, во главниот град Киев во прекин е јавниот превоз со трамвај и тролејбус.

Градоначалникот Виталиј Кличко најави дека во замена на возилата на струја во промет ќе бидат пуштени дополнителни 222 автобуси на редовни линии.

Метрото во Киев не е засегнато од мерките за штедење струја.

Повторените руски напади врз украинската енергетска мрежа предизвикаа сериозни штети, особено во Киев.

Кличко на почетокот на оваа недела изјави дека тримилионскиот град може да задоволи само половина од потребите за електрична енергија.