Фото: Принтскрин

Лидерот на Чеченија, Рамзан Кадиров, најави дека тројца негови малолетни синови набргу ќе заминат на фронтот во Украина.

– Тоа што се малолетни не треба да влијае на обуката на оние што ја бранат нашата татковина. Внуците на првиот претседател на Чеченија, Ахмат Кадиров – Ахмат, Ели и Адам – имаат 16, 15 и 14 години. Меѓутоа, нивната воена обука почна многу одамна, кога беа многу мали – рече Кадиров.

Според него, во базата на рускиот Универзитет за специјални сили во Гудермес „тие учат како да ракуваат со разни оружја, како да го користат на која било далечина и на теоретска основа“, а Ахмат, Ели и Адам се „подготвени да ги применат своите вештини во зоната на НВО“.

– Не се шегувам. Дојде време да се покажат во вистинска борба и само ја поздравувам нивната желба. Набргу ќе бидат на линијата на фронтот и ќе бидат во најтешките области – рече Кадиров.

Тој испрати порака и до, како што наведе, лежерните луѓе, кои тврдат дека неговите роднини не учествуваат во војната.