Рамзан Кадиров, лидерот на Чеченија, ги испрати своите малолетни синови да се борат во Украина. Тие позираа вооружени пред камерите во окупираниот Мариупол.
Покрај неговите синови, во украинскиот град пристигнале и роднините на Рамзан Кадиров.
Лидерот на Чеченија на почетокот на октомври најави дека ќе ги испрати своите малолетни синови да се борат.
– Тоа што се малолетни не треба да влијае на обуката на оние кои ја бранат нашата татковина. Внуците на првиот претседател на Чеченија, Ахмат Кадиров – Ахмат, Ели и Адам имаат 16, 15 и 14 години. Меѓутоа, нивната воена обука започна многу одамна, кога беа многу мали – изјави тогаш Кадиров.