Фото: Принтскрин

Американскиот бизнисмен Илон Маск објави дека на првиот пациент на кој му бил вграден чип во мозокот преку програмата Телепати (Telepathy) на неговата компанија „Неуралинк“ добро закрепнува.

– Првите резултати покажуваат ветувачко откривање на невронската активност – напиша Маск во објавата на платформата „Екс“.

Маск рече дека чипот „ќе ви овозможи да го контролирате вашиот телефон или компјутер, а преку нив речиси секој уред, само со размислување“, пренесува „Скај њуз“.