Фото: ЕПА

Најмалку 15 лица загинаа во нов израелски воздушен напад врз две куќи во градот Беит Лахиа во северниот дел на Појасот Газа.

– Неколку луѓе се уште се заробени под урнатините по нападот – изјави очевидец.

Израелската војска дополнително ги засили смртоносните напади во северниот дел на Газа од 5 октомври, тврдејќи дека се обидува да ја спречи палестинската група на отпорот Хамас да се прегрупира. Палестинците, сепак, го обвинуваат Израел дека сака да го окупира тоа подрачје и насилно да ги расели неговите жители.