Италијанскиот премиер Марио Драги изјави дека ќе поднесе оставка од премиерската функција до италијанскиот претседател Серџо Матарела откако неговата партија која е дел од владејачката коалиција не учествуваше на гласањето за доверба.
Сепак, Матарела не ја прифати понудената оставка. Тој го замоли Драги да се обрати до парламентот и таму да се направи проценка на моментната политичка ситуација во земјата, пренесува „Ројтерс“.
– Условите веќе не се такви за да можам да продолжам да ја извршувам функцијата – е ставот на премиерот на Италија.
Италијанската влада доби доверба, движењето „Пет ѕвезди“ го бојкотираше гласањето