Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска разговараше во Ватикан со папата Франциск, кој на крајот на април рече дека Светата столица е вклучена во мировната мисија за ставање крај на војната со Русија.
-Тоа е голема чест – му рече Зеленски на поглаварот на Римокатоличката црква, ставајќи ја раката на срцето и наведнувајќи ја главата додека го поздравуваше 86-годишниот папа, кој стоеше со бастун.
Зеленски, кој е во посета на Рим за прв пат од почетокот на војната, разговарал со папата 40 минути и му подарил панцир што го користел украински војник, и на кој подоцна бил насликан сликот на Богородица.
Папата често упатува молби за мир во име на, како што вели, украинскиот „маченик“ и се моли за жртвите секоја недела за време на мисата.
Претходно во саботата, Зеленски се состана и со италијанскиот претседател Џорџо Матарела и со италијанскиот премиер Џорџа Мелони, која вети целосна воена и финансиска поддршка на Украина и ја повтори поддршката за кандидатурата на Киев за членство во ЕУ.