САД
Нешто помалку од 2.000 лета вчера утрината беа откажани во светот поради зголемувањето на бројот на заразени од новиот сој на ковид-19, а најпогодени се дестинациите во САД и во Кина, објави специјализираниот сајт „Флајт-Авер“. Најмногу се откажани летовите на кинеските компании, а најтешко погодени се аеродромите во Пекинг и во Шангај, со вкупно 300 откажани летови.
Во меѓувреме, состојбата во САД не е ништо помалку различна. Најтешко погодени американски компании во моментов се „Јунајтед“ и „ЏетБлу“ со вкупна бројка од над 200 откажани летови само во текот на вчерашниот ден. Минатата недела компанијата „Јунајтед“ предупреди дека зголемувањето на бројот на заразени со омикрон има директно влијание врз персоналот за летови на таа компанија, поради што многу вработени морале да се изолираат.
Во исто време, американските медиуми пишуваат дека и временски услови се причина за откажување на летовите, бидејќи снежната покривка на западниот брег ги одложи летовите и ја наруши ситуацијата на патиштата во сојузните држави. Во Европа иако состојбата е постабилна, сепак и државите од Стариот Континент тешко се справуваат со авиосообраќајот поради празниците, но и поради ширењето на опасната инфлуенца.
Подготвил: Дејан Србиновски