Фото: Принт-скрин

Во гранатирањето на украинскиот град Запорожје во текот на ноќта, оштетени се или уништени од пожари станбени згради, а се уште не се знае дали има жртви, соопшти денеска регионалниот гувернер Олександр Старук.

– Како резултат на непријателските напади, избувнаа пожари во градот“, напиша Старук на Телеграм.

Тој исто така најави дека „можно е да има повредени“, како и дека спасувачките тимови извлекуваат луѓе од под урнатините.