фото: Принтскрин

Професорот од Софија, Иван Динев Иванов, кој предава на Американскиот универзитет во Синсинати, САД, вечерва се извини за сите жртви од фашистичкиот период во Бугарија.

– Јас жалам за секој еден човек кој е убиен во Македонија, а такви има и не само за тие кои се убиени во Македонија, туку и за тие кои се убиени во Грција во Драмското востание. Јас во мое име кажувам дека жалам за секој еден човек. Дајте сега да погледнеме со други очи, еден кон друг, и да продолжиме напред – потенцираше Динев Иванов, вечерва во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 ТВ.

Тој обраќајќи им се на гледачите, рече дека нема начин за „бугаризација“.

– Не се плашете браќа и сестри Македонци, нема начин да има бугаризација, ви го гарантирам јас, нема такво нешто – нагласи професорот.

Тој порача до Македонците да си го чуваат идентитетот. Посочи дека сака земјава да го зачува идентитетот и да стане членка на Европската Унија, да соработува со Бугарија, градејќи инфраструктура, градејќи човечки односи, уривајќи ѕидови и градејќи мостови со Бугарија и со сите останати земји.

Осврнувајќи се на Договорот за добрососедство со Бугарија, тој посочи дека се направени грешки од бугарската страна.

– Грешки беа направени од бугарска страна. Има луѓе во политичката елита кои го искористија тоа намерно да направат една „срамота“ со ветото и тоа навистина создаде големи проблеми и голем негативизам. Денот кога ветотот беше објавено јас кажав дека „Бугарија сама на себе си стави вето“. Претседателот Радев греши и тоа го кажав, дека тоа што претседателот Радев мораше да го каже дека ние не можеме да дозволиме антибугарскиот национализам во Македонија и тоа јас се согласувам, а со македонизмот јас немам проблем – наведе Динев Иванов.