Фото: Принтскрин

Во близина на шведскиот брег, се одвива голема спасувачка акција, каде што гори ферибот со 300 луѓе, соопштија шведските поморски власти.

– Има пожар на палубата за транспорт на автомобили – изјави портпаролот на шведската поморска управа, Јонас Францен

Три хеликоптери и седум пловни објекти се испратени на местото на настанот и започната е евакуација на бродот. Засега нема информации за повредени, а причината за пожарот се уште не е позната.

Бродот Stena Scandica се наоѓал во близина на островот Гоцка Сандон во близина на југоисточниот брег на Шведска.

Фериботот сообраќа меѓу Нишамн во Шведска и Вентспилс во Летонија. Фериботот има капацитет од 970 патници.