Советникот на украинскиот министер за внатрешни работи, Антон Черашченко, попладнево  изјави дека руските сили влегле во областа Чернобил.

– Во борбите можеби е оштетен и објектот за складирање нуклеарен отпад – изјави советникот, а јави дописникот на американската телевизија Ен-би-си, Ричард Енгел.

„Тие, додаде Герешченко, влегоа во зоната на Чернобил од територијата на Белорусија“.

Советниокот додава дека украинската Национална гарда продолжува да ги штити небезбедните радиоактивни извори.

– Доколку артилерија ги погоди складишта за нуклеарен отпад, радиоактивната прашина ќе ја покрие цела ЕУ – рече тој.

Еден нуклеарен реактор во централата во Чернобил во 1986 година експлодира и притоа со радиоактивен прав зафати поголем дел од Европа.