Фото: Принтскрин Википедиа

Генералот Марк Мили, претседател на Здружениот комитет на началници на штабови на американската армија, изјави дека е зголемен ризикот од голем конфликт меѓу светските сили, пренесува Тасс.

-Сега се соочуваме со две светски сили – Русија и Кина. Секоја од овие земји има значителен воен потенцијал и е немилосрдно решена да го промени сегашниот поредок заснован на правила-им кажа генералот Мили на дипломираните студенти на Воената академија Вест Поинт.

САД влегуваат во свет што станува сè понестабилен.

-Светот во кој влегувате има потенцијал за голем меѓународен конфликт меѓу големите сили. Тој потенцијал расте, а не опаѓа-рече генералот.