Фото: Принтскрин / Твитер / Јоав Галант

Израелската армија презеде контрола врз западниот дел на градот Газа, изјави израелскиот министер за одбрана Јоав Галант, јави ДПА.

– Следната фаза почна – рече Галант.

Toj не прецизираше како ќе изгледа оваа фаза од војната во Газа и само рече „вооружените сили продолжуваат со прецизност и одлучност“.

Во меѓувреме, израелската армија дојде до „значајни откритија“ во најголемата болница во Појасот Газа, наведе Галант.

Операцијата во болницата Ал Шифа е во тек, рече тој. Претходно, воен претставник соопшти дека армијата пронашла командни и контролни центри на Хамас во болницата.

Израелската армијата, исто така, соопшти дека открила информации и филмски материјал на кој се прикажани заложници на компјутери и друга опрема во болницата Ал Шифа. Пронајдено е и оружје и разузнавачки материјал.

ДПА нагласува дека информациите не можат да се потврдат независно.