Фото: ЕПА

Американскиот медиум „Блумберг“ со анализа дека европските влади ја сфатиле опасноста од намалувањето на инвестициите во фосилни горива

„Вистински бум на енергетскиот пазар предизвика одлуката на холандско-британската ’Шел’ да го зголеми производството на нафта и гас, а не уделот на зеленото производство. Еден од светските енергетски гиганти ќе ги развие оние активности што им носат поголем профит на акционерите“, пишува „Блумберг“

Подготвил: Mарјан Велевски

Нешто чудно се случува и во Европа. Германија е предмет на исмејување. Зошто? Имено, предмет на подбив е енергетската политика на Берлин, кој неодамна ја затвори последната германска нуклеарна централа. Како што тврди медиумот, „на Германија ѝ се смеат во цела ЕУ“: најмногу во Франција, но и во Полска и Унгарија… И од Париз, Варшава или Будимпешта, каде што сите се свесни за енергетската криза и високите цени на енергијата, најавуваат нови проекти точно во сферата на нуклеарната енергија. Имено, тој тренд се случува со исклучок на Германија, каде што дури и нуклеарната енергија сега се смета за загадувач иако емисијата на јаглерод диоксид од нуклеарните централи не вреди да се спомене.

Но влијателниот американски медиум „Блумберг“ минатата недела сакаше да обрне внимание на еден сосема друг енергент. Имено станува збор за враќање на „валканиот енергент“ – т.е. за зголемено производство на нафта!

„Глобалните енергетски гиганти го менуваат мислењето за зелената енергија: нафтата носи повеќе пари“ – беше насловот на влијателниот американски медиум „Блумберг“ минатата недела.

„Вистински бум на енергетскиот пазар предизвика одлуката на холандско-британската ’Шел’ да го зголеми производството на нафта и гас, а не уделот на зеленото производство. Еден од светските енергетски гиганти ќе ги развие оние активности што им носат поголем профит на акционерите“, пишува „Блумберг“.

„Во европската нафтена индустрија зелената е надвор од мода, а црната се враќа. Тој тренд се градеше со месеци, но кулминира во средата, кога ’Шел’ објави што значи оддалечување од фосилните горива и ветување дека ќе обезбеди поголем принос за акционерите“, пишуваат американските медиуми и додаваат дека новиот извршен директор на „Шел“, Ваел Саван, ветил дека компанијата „ќе инвестира во модели што функционираат, оние што носат најголем профит и помагаат да се изградат предности“.

„Блумберг“ верува дека „Шел“ има уште тешка битка пред себе да ги убеди акционерите дека ревидираните планови се сериозни.
„Но, на инвеститорите може да им се прости за нивниот скептицизам. Имаше премногу зло во последните пет години, не само од ’Шел’ туку и од БП и ’Тотал енерџис’, оставајќи ги акционерите несигурни за тоа што ќе се случи следно“. Тие сметаат дека сегашниот пресврт во стратегијата на европската нафтена индустрија нема да биде последен, но јасно покажува дека европските влади ја сфатиле опасноста од намалување на инвестициите во фосилни горива по изолацијата на Русија.

Овој тренд го потврдува и прогнозата на Меѓународната агенција за енергија, која смета дека потрошувачката на нафта ќе расте во следните пет години и ќе достигне 106 милиони барели дневно до 2028 година, и покрај активниот развој на транспортот на електрична енергија.