Фото: Пиксабеј

Европска комисија ја разгледува можноста за замрзнување на цената на енергенсите и намалување на потрошувачката на електрична енергија, изјави денеска заменичката директор на Одделот за енергетика на ЕК, Мехтилд Воерсдоерфер на состанокот на Комитетот за енергетика во Европскиот парламент.

– Работиме на итни мерки поврзани со цената на електричната енергија. Можно е да има и намалување на потрошувачката на електрична енергија – посочи Воерсдоерфер.

Таа најави дека претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен идеите за замрзнување на цените на енергенсите ќе ги презентира пред ЕК на 14 септември.
Презентацијата на Лајен ќе уследи неколку дена откако министрите за енергетика на земјите-членки на Европска Унија на 9 септември ќе одржаа итен состанок. Земјите-членки на ЕУ се повеќе бараат Унијата да преземе мерки за да ги ограничи трошоците. Италија, Белгија и Чешка се залагаат за замрзнување на цената на гасот во цела ЕУ, додека Франција и Грција сакаат одвојување на цената на електричната енергија од цената на гасот.