Гасоводот што ја поврзува Литванија со Летонија експлодирал во областа Пасвалски во Литванија, а според првичните информации нема повредени, јави порталот ЛРТ, повикувајќи се на полицијата.
Во 16 часот и 57 минути, окружната полиција на Паневезис пријавила експлозија на гасовод во улицата Јонишкеле во селото Виенкиемиу. Според прелиминарните податоци, нема жртви, се наведува во соопштението – пренесоа руски медиуми.
Се прецизира дека отворениот пламен достигнува 50 метри во висина.
Гинтаутас Гегузинскас, градоначалник на регионот Пасвали, потврди за радио ЛРТ дека гасовод под висок притисок експлодирал во близина на автопатот Пасвалис-Саулиај.
– Нема станбени згради во близина, но никој не знае до каде ќе биде неопходно да се евакуираат жителите – рече Гегузинскас.
Според него, специјални служби работат на лице место, а сообраќајот е привремено во прекин.