Две лица се убиени во пукање во ноќен клуб во норвешкиот главен град Осло, соопшти денеска полицијата. Полицијата на Твитер објави дека уште неколку лица се повредени, а еден осомничен е приведен набргу по пукањето во близина на местото на настанот.
-Сите индиции укажуваат на осамен сторител – изјави полицискиот портпарол Торе Барстад. Три лица се тешко повредени, а на 19 им била укажана лекарска помош.
Полицијата не даде информации за возраста или идентитетот на уапсениот.
Нападот се случил во ноќниот клуб Лондон паб, популарен геј клуб во Осло, објави весникот Афтенпостен.
Цивили и помогнале на полицијата да го уапси осомничениот, пишува весникот.
Норвешката полиција соопшти дека смртоносните престрелки ги третира како „терористички напад“.
– Полицијата ги истражува настаните како терористички чин – се вели во соопштението на полицијата.