Во директен разговор, германскиот канцелар Олаф Шолц го предупредил рускиот претседател Владимир Путин да не користи биолошко или хемиско оружје во Украина, објави денеска весникот „Ди Цајт“.
Руските тврдења дека Украина развива такво оружје или дека САД сакаат да го употребат „изгледаат како имплицитна закана дека и самиот Путин размислува да употреби такво оружје“, вели Шолц.
-Затоа, за мене беше важно лично да му кажам јасно и директно: тоа би било неприфатливо и непростливо – изјави германскиот канцелар за Ди Цајт.