Фото: Принтскрин

Неверојатно е што на маргините на енергетската и економската криза, „Демократска Бугарија“ брза да ја турне земјата во војна уште пред да биде свикана првата седница на новоизбраното Народно собрание – изјави претседателот Румен Радев во Прага.

Според него, тешко е да се поверува дека раководството на коалицијата „Демократска Бугарија“, која претендира за демократија и морал во политиката, може да користи директни лаги и манипулации.

Румен Радев рече дека со целосно убедување не ја потпишал декларацијата на неговите колеги претседатели од Централна и Југоисточна Европа за пристапување на Украина во НАТО и додаде дека ќе работи против вмешаноста на Бугарија во војната во Украина.