Љупка Аврамовиќ, членка на КК Бравадос

На теренот на скопскиот коњички клуб Бравадос, кој се наоѓа во населбата Волково, утре со почеток во 10 часот, според план-календарот на Федерацијата за коњички спортови на Македонија, ќе се одржи првиот Октомвриски коњички турнир, како и петтото коло од Првенството на Македонија во прескокнување пречки со коњи за 2022 година.

На програмата се пет натпревари во прескокнување пречки во класите А, Б, Ц, Д и дебитанти со висина на пречките од 0,9 до 1,2 метар и ширина 1,4 метар.

 
Г.И.