Фото: Твитер/Азов

Командантот на азовскиот полк, Серхи Волина, побара помош од американскиот мултимилијардер и сопственик на „Тесла“, „Твитер“ и „Спејс екс“, Илон Маск.

Волина рече дека отворил профил на Твитер за да контактира со Маск.

– Луѓето велат дека вие доаѓате од друга планета за да ги научите да веруваат во невозможното. Нашите планети се една до друга, а јас живеам таму каде што е речиси невозможно да се преживее. Помогнете ни да излеземе од „Азовстал“. Ако не можете вие, тогаш кој ќе може? Дајте ми сигнал – напиша Волина на Твитер.

Тој претходно напиша статус на Фејсбук, каде што го опиша Маск како суперчовек за кој нема проблеми што не може да ги реши.