Фото: Лукашенко/принтскрин

Белоруското воздухопловство и противвоздушната одбрана се во состојба на готовност веќе три дена, изјави денеска белорускиот претседател Александар Лукашенко.

– Од настанот во Брјанската област пред три дена, кога беа соборени четири авиони, нашите сили се во состојба на готовност – изјави Лукашенко, пренесува агенцијата Белта.

– Многу често разговараме за безбедноста на земјата, особено за ситуацијата во воздушниот простор. Како што гледам, ситуацијата во моментов не е критична. Сепак, постојат загрижувачки фактори –  додаде белорускиот претседател.