Администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден повика на смиреност и воздржаност во Казахстан, по повод најголемите немири во таа земја по повеќе од една деценија.

Портпаролката на Белата куќа Џен Псаки изјави дека руските обвинувања дека САД ги предизвикале немирите се „апсолутно лажни“ – пренесе Ројтерс.