Грција

Грција ја продолжи забраната за влез на нејзина територија на граѓаните на трети земји до 22 февруари, што важи и за граѓаните на Македонија, а од ваквата мерка се исклучени граѓаните од земјите на Европската Унија и шенген-зоната. Доколку посетителите престојуваат во Грција помалку од седум дена, тогаш домашната изолација ќе трае за целиот период додека се во земјата, сè до нивното заминување.
Граѓаните од земјите на кои им е дозволено да влезат на грчка територија можат да ги користат граничните премини само преку Бугарија, односно граничниот премин Промахонас-Кулата, и тоа со негативен ПЦР-тест не постар од 72 часа.
Што се однесува до камионите за превоз на стоки, отворени се седум грчки премини, четири со Бугарија и по еден со Турција, Македонија и Албанија, а возачите на камиони се исклучени од мерката за задолжителен негативен ПЦР-тест.
Одлуката ги вклучува и земјите од Европската Унија, а паралелно, ќе се спроведуваат и брзи тестови за дел од патниците во согласност со предвидениот процес според податоците внесени во специјалниот формулар за патување во Грција.