Запленетиот танкер што шверцувал нафта од Либија / Фото: Принтскрин

Албанија

Во најголемото албанско пристаниште Драч е запленет танкер што превезувал 2.275 тони нафта од Либија во Албанија.
– Кодираната операција „Ринг“ беше финализирана по неколкумесечна истрага од страна на Одделот за криминалистичка полиција во државната полиција, локалната дирекција на полицијата и граничната полиција Драч, со поддршка на поморската капетанија и крајбрежната стража, под раководство на Обвинителството на судскиот округ Драч – соопшти полицијата.
Според истиот извор, уапсени се четири лица, на возраст од 25 до 54 години, а меѓу нив и капетанот на бродот. Шест други лица, сите либиски државјани, ќе се бранат од слобода.
Како материјален доказ полицијата ги запленила танкерот, нафтата и неколку мобилни апарати. Материјалите се предадени на Обвинителството во Драч за натамошно постапување.