Фото: Принт-скрин

Нов земјотрес со интензитет од 3,6 степени според Рихтеровата скала утрово ја погоди Црна Гора. Епицентарот бил на четири километри југозападно од Чараѓе, во општина Никшиќ, на границата со Босна и Херцеговина.

Институтот за хидрометеорологија и сеизмологија во Подгорица сопшти дека земјотресот е регистриран во 6.11 часот, во епицентралното подрачја на Никшиќ на длабочина од 14 километри.

Земјотресот е почувствуван и во Мостар во Босна и Херцеговина, како и во крајбрежните градови во Хрватска.

Регионот на Никшиќ во четвртокот беше погоден од силен земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала.