Српскиот претседател Александар Вучиќ зборуваше за состојбите во светот. Тој вели дека Американците создаваат „нов блок во Европа, кој значително ќе ја погоди и Србија“.
– Можете да погледнете во вашата архива кога на 25 ноември 2021 година, по мојата посета на Сочи, реков дека сме во тешко време, не затоа што Путин ми кажа дека ќе има војна. Тој секогаш одвојуваше 45 минути да зборува за Украина. Тогаш не зборуваше ни три минути. Тоа ми беше доволно. Си реков – одлуката е донесена. Недвосмислено реков дека ќе има одредени промени. Само следев, слушав и ги склопив фактите – рече Вучиќ.
– Американците создаваат блок во Европа, тие создаваат посебен блок кој не е мал, Полска, балтичките земји плус Украина. Тие пет земји се поголеми од Франција и се приближуваат кон Германија. Тогаш е јасно дека тој квинтет или секстет со Романија станува најсилен во Европа после Германија. Сакаме да се позиционираме како централноевропска земја и затоа имаме сè поблиски и поблиски односи со Унгарија. Ова ќе ја промени динамиката на нашиот однос со Европа. Сакам да веруваме дека тоа ќе биде во позитивна смисла, но за нас постојат ограничувачки фактори во однос на санкциите против Русија и Косово – рече тој.