Фото: Принтскрин

Силно невреме пропратено со грмежи утрово зафати делови од Хрватска, особено Риека, Нови Винодолски, Малинска и Цриквеница.

– Патот во Нови Винодолски е затворен во двата правци, се вели во одредена објава на Фејсбук на која има видеоснимка, како што наведува хрватскиот портал „Индекс“, „на апокалиптични сцени и надојдена вода“.

На социјалните мрежи беа објавени и видеа од возила кои се обидуваат да се пробијат низ надојдената вода.

Денеска беше активиран портокалов метео аларм за регионот на Риека, што укажува на опасно време, додека жолт метео аларм е активиран за остатокот од државата, освен за Осиек.