Автобус со регистерски таблички од Шабац, Србија во кој се превезувале 48 деца, излетал од автопатот Тракија во Бугарија и се превртел во ендек при што има и голем број на повредени.
На местото на настанот пристигнале возила на брза помош, пожарна и неколку полициски возила.
Според последните информации, Универзитетската болница во Стара Загора вечерва примила 17 деца повредени во несреќата на автопатот Тракија. Тоа за БТА го изјавил директорот на болницата Јовчо Јовчев.
-Најмладиот има 6 години, најстариот 17 години. Тројца се со потешки набиеници и гребнатини, изјави д-р Јовчев.
Според Јовчев, има повозрасен маж со тешка повреда на ногата.
Сите патници се државјани на Србија. Несреќата се случила на 216 километри во правец на Софија, кај Стара Загора. Децата биле учесници на фестивал во Несебар, јавија српски медиуми.