Фото: Игор Бансколиев/IИлустрација

Поради снегот што во Словенија падна за време на викендот пожарникарите и другите надлежни служби и синоќа беа ангажирани во расчистувањето на повеќе од 160 дрвја паднати на патиштата.

Поради снегот неколку патишта беа затворени за сообраќај.

Проблеми со снегот најмногу има во Штаерска, Корушка, Засавје и Долењска.

Снегот ја оштети и електродистрибутивната инфраструктура во општина Подвелка поради што има прекин во снабдувањето со струја.