Фото: Фејсбук

Лидеротот на „Има таков народ“ Слави Трифонов во интервју за приватното радио „Дарик“ вели дека ја напуштил владејачката коалиција поради Македонија, додавајќи дека е прекршен коалицискиот договор.

-Ја напуштам владата поради Македонија, изјави Трифонов по повеќе од еден час разговор – изразувајќи ја својата иритација поради ова прашање.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Трифонов, додека локалните Бугари не бидат дел од уставот на Македонија и не започне имплементацијата на Договорот од 2017 година и доколку тоа зависи од него, Скопје не би ги започнало преговорите за членство во ЕУ.

Тој беше дециден дека излегувањето од владејачката коалиција е правилно, бидејќи е помалку лошо од она што почна да се формира.

Според Трифонов, Кирил Петков и Асен Василев се забораваат и се однесуваат на неадекватен начин. Беше категоричен дека тие треба да се запрат, и дека тој тоа го направил. Најголемиот компромис што го направиле тој и неговата „Има таков народ“ е да коалицираат со Бугарската социјалистичка партија.