Фото: принтскрин

Љубљана попладнето ја зафати силен бурен ветер. Налетите на ветрот надминаа 100 километри на час, однесени се неколку покриви и паднаа многу дрвја низ градот, а има и полесно повредени. Ветрот урна и дел од градежното скеле во центарот на главниот град, а низ воздухот летаа парчиња градежен материјал.

Според податоците на Агенцијата за заштита на животната средина (Арсо), ветерот достигнал брзина од 102 километри на час, што е нов рекорд.

Денешното невреме траело кратко и немало многу врнежи.

Од Љубљанската противпожарна бригада информираат за 114 интервенции, но ситуацијата се менувала од минута во минута.